Во Струга денеска гласаат 78 стари, болни и изнемоштени
Седумдесет и осум болни, стари и изнемоштени лица денеска гласаат во општина Струга на 41 избирачко место во рамките на предвремените Парламентарни избори што ќе се одржат утре во Република Македонија.
Во општина Струга утре ќе се гласа на 101 избирачко место, а право на гласи имаат 59.017 лица.
Претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба информира дека во моментот го пренесуваат изборниот материјал до избирачките места и смета дека ќе нема проблеми и гласањето ќе почне навреме во сите гласачки места.
Во Вевчани гласањето ќе се спроведува во три избирачки места, а право на глас имаат 2.056 вевчанци од кои нема ниту еден болен и изнемоштен за предвремено да го оствари правото на глас.
Според претседателката ОИК Параскева Гогоска - Кукоска избирачкиот материјал е предаден на избирачките одбори и очекува гласањето да почне навреме и да се одвива непречено.
Ново на Сител
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда