Во Стразбур уапсени четири лица осомничени за тероризам
Припадници на француската Дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ) вчера во раните утрински часови уапсија четири лица во Стразбур, како дел од истрагата против осомничени терористи, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Судсики извор соопшти дека синоќа на четирите лица им е одредена мерка притвор.
Апсењата се спроведени во рамки на прелиминарната истрага, покрената пред неколку дена од страна на антитерористичкото обвинителство.
Четирите осомничени терористи се уапсени на помалку од една недела пред отворањето на познатиот Божиќен панаѓур во Стразбур, закажано за в петок, кој секоја година привлекува по околу два милиони луѓе на улиците на оовј град во источна Франција.
Според весникот „Паризиен“, апсењата биле спроведена вчера околу 3 часот во квартот Мено о Нехов во јужниот дел од Стразбур. Уапсените биле забележани пред два дена кога веројатно очекувале испорака на оружје.
Меѓу потенцијалните цели на осомничените биле голем број на јавни места, вклучувајќи полициски станици во Стразбур и Божиќниот панаѓур.
Префектот на Алзас, Стефан Фратачи, неодамна изјави дека „во случај на прецизни и детални информации“ за терористички закани, Божиќниот панаѓур би можел да биде откажан.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари