Балкан
5. September 2016 - 10:07

Во страшна сообраќајна несреќа тројца загина а уште неколкумина се тешко повредено

 
Три лица загинаа а уште неколкумина се тешко повредено во страшна сообраќајна несреќа која вчера нешто по 20 часот се случила во Вараждин, Хрватска. Како што објавуваат локалните медиуми, во несреќата учествувале два автомобили и два мотоцикли.
Според информациите, еден до автомобилите претекнувал непрописно, по што удрил во мотоциклот кој доаѓал од спротивен правец, а потоа настанал вистински карамбол на патот. 
Две лица загинале на лице местото а третиот починал на патот кон болница.
Поради увидот двете тела неколку часа биле оставени на коловозот