Во страшна сообраќајка во Охрид загина мотоциклист, пешак повреден
Мотоциклист загина, а пешак е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне во Охрид.
Како што соопшти МВР, вчера во 18,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ мотоцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, а потоа и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од Ф.Б. (58) од Охрид.
- Во незгодата на самото место починал С.И., а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С. кој бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро