Македонија
29. January 2019 - 12:13

Во Старо Нагоричане почна изградбата на пат до маалата Еребичарци во должина од 1, 2 километра

Општина Старо Нагоричане во рамки на проектот на Министерство за финансии МСИП – „Подобрување на општински услуги“ обезбеди средства за изградба на маалскиот пат до маалата Еребичарци, во село Младо Нагоричане, во должина од 1201,75 метри.Општината распиша оглас за изградба на патот и како најуспешен понудувач го избра претпријатието „ЖИКОЛ ДООЕЛ“ од Струмица, соопштија од општина Старо Нагоричане. Градежните работи на патот ќе се изведуваат до март, годинава.

Овој пат е во близина на основното училиште „Христијан Карпош“ во село Младо Нагоричане и е во непосредна близина на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка. Во близина на овој пат се културно-историските и верски објекти што често ги посетуваат странските и домашните туристи, Црквата Света Петка и Ѓорѓи Победоносец. Двете цркви се градени на почетокот на 17-ти век и се прогласени за споменици на културата. До нив се наоѓа и Костоперска Карпа, природна реткост и арехоелошки локалитет. Со изградбата на патот се очекува подобра пристапност до овие места.

Во рамките на овој проект обезбедени се и средства за набавка на возило за потребите на општината.