Македонија
25. September 2021 - 16:38

Во стариот дел на Охрид се уриваат стари куќи за да се градат згради

Во стариот дел на градот никнуваат објекти кои го нарушуваат автентичниот лик. Група граѓани од Варош преку собир по втор пат го изразија својот револт тие велат дека на само неколку чекори до Завод и Музеј се руши стара куќа со приземје и еден кат а на нејзино место ќе се гради четирикатница која не ги запазува димензиите габаритите и висините од деталниот урбанистички план во строго заштитената зона.

Граѓаните велат дека во време кога УНЕСКО стого бара почитување на законите и Планот за управување со Охридскиот регион, не се почитува законот за заштита на старото градско јадро.

Од охридскиот Завод и музеј за Сител велат дека се запознаени со случајот но посочуваат дека до нив не е пристигнато писмено известување за градежни активности ни од страна на Управата за заштита на културното наследство ниту од сопственикот на објектот.