Свет
29. September 2017 - 10:05

Во стампедо на железничка станица прегазени 15 лица: Загинаа поради дождот и гужвата

Во стампедо на патници на железнички мост во Мумбај утрово загинаа најмалку 15 луѓе.

Стампедото се случи за време на утринската сообраќајна гужва. Причината се уште не е позната.

Индиските власти соопштија дека е можно бројот на починати да расте, бидејќи петмина патници се со тешки телесни повреди.