Македонија
7. August 2016 - 21:46

Во Стајковци настрада и СЦ „Вембли“

Покрај оштетувањата на куќите, автомобилите и останатата покуќнина во село Стајковци настрадаа и голем број  трговски објекти како и единствениот спортски центар „Вембли“ кој целиот е прекриен со кал. 

Како што не информираше еден од менаџерите на центарот Милан Костовски уништена е комплетната подлога во балонот за играње фудбал и целосниот инвентар во ресторанот  кој исто така работи во склоп на Спортскиот центар. 
Штетата е преку 100 илјади евра вели Костовски кој се надева дека ќе успеаат бргу да ја санираат и да го вратат објектот во употреба. 
Доколку не го активираме центарот тогаш штетата ќе биде повеќекратна и поради нестопанисувањето велат од СЦ Вембли.