Во средните училишта во Гостивар има 1.904 места за упис во прва година
Во наредната, 2016/2017 учебна година во средните јавни училишта во Гостивар може да се запишат вкупно 1.904 завршени основци, колку што се предвидени со Конкурсот на Министерството за образование и наука.
Исто како и минатата година, најмногу ученици (714) може да се запишат во средното техничко училиште, кои ќе бидат распределни во седум паралелки на македонски, девет на албански и пет на турски јазик.
Во ова училиште може да се изучуваат повеќе струки: машинска, електротехничка, хемиско-технолошка, градежно-геодетска, козметичка. Предвидениот минимум за упис, според Конкурсот, се движи од 30 до 55, во зависност од струката.
Во средното општинско училиште, популарно наречената гимназија, има место за 476 нови ученици, од кои 306 за настава на албански, 102 на турски и 68 на македонски јазик, кои за упис треба да имаат најмалку 60 бодови.
Во економското училиште предвидени се 442 слободни за првокласници. На албански јазик, предвидено е да се формираат седум паралелки, на македонски пет и на турски јазик една паралелка. Ова стручно училиште образува кадри од неколку струки: правен економски или банкарски техничар и деловен секретар.
Медицинското училиште наесен ќе прими нови 272 ученика, по 68 на македонски и на турски јазик и 136 на албански јазик. Полуматураните може да одбираат меѓу насоките: медицинска сестра и забен техничар, а потребниот минимум за упис е 70 бодови.
Осмоодделенците имаат речиси три месеци да се одлучат каде ќе го продолжат образованието. Првиот уписен рок ќе се спроведе на 28 и 29 јуни.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите