Македонија
5. November 2018 - 16:32

Во среда уставните амандмани на комисиска расправа, опозицијата гради стратегија

Собранието подготвува терен за формирање на телото за национално помирување. Спикерот Џафери вели дека на секојдневни координации, пратениците го договараат составот и надлежностите, но не открива кога овој орган ќе стартува со работа.

Најавите дека токму спиекто Џафери ќе го раководи собраниското тело за помирување е една од причините поради кои ВМРо-ДПМНЕ вели дека нема да учествува во неговата работа. Според опизициската партија, власта може да подаде рака за помирување само целосна амнестија за сите учесници во собраниските настани од 27 април.

Собраниското тело за помирување е едно од барањата на осумтемина пратеници на опозицијата кои го поддржаа почетокот на процесот за уставни измени. Расправата за нацрт-амандманите во Собранието ќе стратува во среда.

Опизициската партија најавува жестока дебата.

Како ќе дејствува во Собранието следните денови, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе се координира и со највисокото партиско раководство.

Деспина Тодоровска Сител ТВ