Македонија
2. September 2020 - 8:30

Во сред пандемија стотина млади 1 септември го прославија со журка во Бисер

На социјалните мрежи кружи видео од забава во кафулиња од ТЦ Бисер во Скопје во сред пандемија, а присутни се млади луѓе, без никакво почитување на мерките и со ладна глава се журкаат, однесувајќи се како вирусот да исчезнал.

Нешто слична беше ситуацијата на почетокот на пандемијата, кога Владата ја прекина учебната година, па најмладите се префрлија по кафулињата и дискотеките, искористувајќи го тој момент на слобода.