Балкан
11. February 2017 - 20:44

Во Србија за 14 месеци запленети над четири тони наркотици

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека стапката на криминал во Србија е значително намалена, како и дека бројот на кривични дела е најмал во последните 2,5 децении.

Тој посочи дека во последните 14 месеци полицијата запленила над четири тони наркотици, уапсила 47 водачи на криминални групи и нивни помагачи и разбила 14 организирани криминални групи кои се занимавале со нелегална трговија со дрога. 

 - Запленети се повеќе од двојно наркотици во споредба со периодот од 2008 до 2012 година. Откриени и запленети се 54 нарко лаборатории, што е најдобар резултат во последната деценија, посочи Стефановиќ.

Тој додаде дека вкупниот криминал во 2016 година е намален за повеќе од пет проценти.