Балкан
5. August 2016 - 13:21

Во Србија регистрирани шест случаи на малариja меѓу мигрантите

Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут" денеска соопшти дека на територијата на Србија се потврдени шест случаи на маларија кај мигрантите.

Во соопштението на Институтот се наведува дека тие случаи не претставуваат поголема опасност за проширување на болеста.

„Во претстојниот период ќе продолжи интензивниот надзор за евентуални нови случаи на маларија, но опасност за населението нема. Таа болест се пренесува исклучиво преку каснување од комарец, но не и од човек на човек“, се нагласува во соопштението.