Во Србија регистрирани 71 нови случаи, нов смртен случај, вкупно заразени 528 лица
Во Србија во изминативе 24 часа, од 259 новотестирани, позитивни на коронавирусот се 71 лице, со што вкупниот број на заразени се искачи на 528 лица, изјави на денешната владина прес конференција заменик директорката на Инститиутот за јавно здравје „Батут“ Дарија Кисиќ.
Во последните 24 часа хоспитализирани се 48 заболени, вкупно 45 лица кои се водат како тешки случаеви ставени се на респиратор, а 42 лица по двојниот тест на короновирус се оздравени и отпуштени од болниците.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Кисиќ кажа дека денес почина уште едно лице, 59 годишен маж од Ваљево, кој првите симпоми на вирусот ги има добиено пред четири дена. Со тоа билансот на починати лица од коронавирус во Србија се искачи на 8 лица, со што според досегашната евиденција смртноста од вирусот во Србија изнесува 1, 52 проценти.
На прес конференцијата Кисиќ кажа дека според вкупно тестирани 1715 лица и бројот на заболени, „движењето на епидемијата може да се оцени како стабилно“, додека епидемиологот Предраг Кон кажа да во споредба со Италија, „Србија има 10% помал интензитет на болеста, која е на задоволително ниво“.
Во Србија коронавирусот е регистриран во 35 градови и според досегашните податоци најмногу заболени има во Белград-218 лица, Ваљево има 45, Чуприја 41, Ниш има 37 заразени граѓани, Нови Сад 40 заразени лица, Чачак 15, Крагуевац има 14 лица со потврден коронавирус, Крушевац има 14, а Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево и другите градови имаат помалку од 10 потврдени случаи.
И на денешната прес конференција епидемиолозите кажаа дека сите позитивни луѓе со лесна клиничка слика ќе мораат да бидат сместени во привремената болница на Белградскиот саем кој е подготвен со 3000 легла, како и во спортскиот центар Чаир во Ниш и на Новосадскиот саем.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во 18 часот закажа прес конференција, на која се очекува да соопшти дали по препорака на лекарите ќе ги затвори Белград, Ниш и Ваљево поради големиот број на заразени лица, но и економските мерки преку кои Србија ќе се справи со последиците од епидемијата.
Ново на Сител
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола