-->
-->
Во Србија расте бројот на пациенти на респиратори, 276 новозаразени со коронавирусот
-->
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани уште 276 лица заразени со Ковид-19, а три лица починале, со што вкупниот број на жртви е зголемен на 277, објавено е денеска на интернет страницата ковид-19.рс.
Во исто време, расте и бројот на лица на респиратор и денеска има 42, што е за шест повеќе од вчерашниот пресек, додека вкупно се активни 1.625 случаи.
Во изминатите 24 часа тестирани се 8.377 лица, а вкупниот број на тестирани изнесува 401.240.
Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 14.564 случаи на новиот коронавирус, а починале 277 лица со што стапката на смртност е 1,90 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците