Во Србија првите свадби можат да се очекуваат од јули
Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија Мирсад Ѓерлек изјави дека ако до крајот на јуни три милиони граѓани ја примат втората доза на вакцината, од јули може да се очекува нормализирање на животот, вклучително и одржувањето на свадби. Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ оцени дека е тешко да се каже дали од јуни може да се организираат прослави и дека треба да се почека 7-10 дена, што е износот на периодот на инкубацијата од празниците, јави дописникот на МИА од Белград.
Ѓерлек на ТВ Пинк, кажа дека заштитните маски ќе мора да се носат најмалку уште три до шест месеци, поради луѓето кои не можат да примаат вакцини од здравствени причини и дека ако до крајот на јуни има три милиони ревакцинирани, од јули има надеж за нормализирање на животот, вклучително и на одржувањето свадби.
-За нас е многу важно да бидеме дисциплинирани и да не одиме премногу брзо со олеснување на мерките, затоа што некои земји кои имаа многу ревакцинирани и брзо попуштија со мерките имаа проблеми, бидејќи им останаа џепови на инфекцијата, кажа Ѓерлек.
Тој додаде дека не смее да се дозволи оваа грешка и да мора да се користат сите методи на вакцинација, вклучително примање на вакцини во автобуси и посети на секое место, секое село.
Ѓерлек оцени дека имунизацијата оди добро и дека вакцинацијата е најдобриот начин да се избегне плаќање на скапи ПЦР тестови во текот на летото за да се влезе во некои земји на одмор.
Истовремено епидемиологот и член на кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ за ТВ Прва изјави дека е тешко да се каже дали од јуни може да се организираат прослави и да треба да се почека 7-10 дена, што е износот на периодот на инкубација од празниците.
Тиодоровиќ оцени дека таквата одлука не може да се донесе пред крајот на мај или почетокот на јуни и да ако до тогаш се задржи добриот тренд и ако бројот на новозаболени е помал од илјада или под 100 на дневна основа,ќе може да се живее понормално.
Кога станува збор за вакцинацијата, тој посочи дека е потребно повеќе од 50 отсто од граѓаните да се вакцинираат во цела Србија, а локалните самоуправи да понесат одговорност за информирање на граѓаните за процесот на вакцинирање.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово