Балкан
8. February 2021 - 15:01

Во Србија пристигна нов контингент од 8.190 дози на вакцина на Фајзер

Во Србија пристигна нов контингент од 8.190 дози на вакцината за коронавирус произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за здравство на Србија соопшти дека овие вакцини се доставени до Институтот „Торлак“.

Министерот за иновации и технолошки развој на Србија, Ненад Поповиќ, претходно најави дека 50.000 нови дози на руската вакцина Спутник V треба да пристигнат во Србија на почетокот на оваа недела.

Во вторник во Србија ќе започне процесот на масовна ревакцинација на граѓаните кои ја примија првата доза на вакцината за коронавирус на првиот ден од масовната имунизација на 19 јануари.