Во Србија отворена најголема ковид-болница со 930 легла
Во белградското предградие Батајница отворена е новоизградена ковид-болница со 930 легла, во девет одделенија и 250 места на интензивна нега.
Премиерката Ана Брнабиќ оцени дека новата болница започнува со работа „во најтешкиот момент“, кога со денови се регистрираат голем број новозаболени лица, а на ковид-одделенијата секој ден пристигнуваат речиси 800 пациенти.
„ Добиваме модерна болница во тешки моменти, кога притисокот врз нашиот здравствен систем е континуиран веќе девет месеци“ посочи Брнабиќ.
Српскиот министер за здравство Златибор Лончар објави дека најмалку 1.500 лекари, медицински сестри и техничари ќе работат во новата болница, но дека „1.600 се потребни за полн капацитет“. Лончар истакна дека се покажало дека „новата болница е од непроценливо значење не само за Србија, туку и за целиот регион“, бидејќи 250 места на интензивна нега ќе ги олеснат другите здравствени установи.
Србија добива нови болнички капацитети во време кога членовите на Кризниот штаб и независни експерти ја проценуваат епидемиолошката состојба како „катастрофална“, со оглед на тоа што во последните неколку дена бројот на нови пациенти и пациенти во болницата е скоро изедначен.
Српската влада донесе нови, построги епидемиолошки мерки.
Ново на Сител
-
Бектеши: Се укинуваат царинските стапки за 71 тарифна ознака
-
Харадинај до Вучиќ: Треба да го признаете Косово за да спречите создавање на „Голема Албанија“
-
Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година
-
Шилегов: Автобуското метро годинава почнува да станува реалност
-
Средношколците од четврток ќе бојкотираат настава
-
Богојавление-Водици одбележан со водосвет во трите велешки цркви
-
Влада: Отстранувањето на ризиците по УНЕСКО статусот на Охридското Езеро мора да биде врвен приоритет за сите
-
Заев: Поддршката на туризмот даде одлични резултати, годинава предвидени 31.000.000 денари