Во Србија откриена дрога 800 пати посилна од марихуаната
Во заедничка акција на српската полиција и Министерството за здравство е откриена и запленета нова дрога која е 800 пати посилна од марихуаната.
- Станува збор за супстанца, синтетички канабиноид (5F-MDMB-PINACA), кој кај луѓето може да предизвика тешко нарушување на здравјето, изјави за весникот „Блиц“ Јелена Јанковиќ, раководител на Центарот за рано предупредување за нови психотропни супстанци при Министерството за здравство.
- Ова е светски важна вест, имајќи предвид дека информацијата од Србија преку системот за рано предупредување ќе ја добијат сите земји од ЕУ, истакна Јанковиќ.
Според неа, во Србија оваа дрога веднаш ќе биде ставена на листата на забранети психотропни супстанци, а се очекува тоа да го направат и другите земји.
Оваа супстанца припаѓа на групата психотропни супстанци кои можат да предизвикаат тешко нарушување на човечкото здравје.
- Синтетичките канабиноиди имаат 100 до 800 пати посилно дејство од канабисот и се јавуваат во облик на смола, бел прав, кристали, масло, поранешни мешавини, додава Јанковиќ.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност