Во Србија од вакцинација една несакана реакција на 3.973 имунизирани лица
Во Србија досега се пријавени 755 несакани реакции на вакцини против коронавирус, што значи дека има само една пријавена реакција на 3.973 имунизирани граѓани, изјави претставникот на Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС), Павле Зелиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Зелиќ на РТС изјави дека сите реакции се благи, дека се однесуваат на појава на оток, црвенило, високи температури, болки во мускулите и поминуваат за неколку дена.
Тој апелираше до граѓаните да имаат доверба во здравствените работници, да се консултираат за вакцините и лековите и да не бараат „ефтини одговори“ на некои други места, каде што во „еден пасус негира сѐ она што се наоѓа на илјадници страници (научни истражувања)“.
-Сега сме преплавени со информации преку социјалните мрежи, медиуми … Сакам да ги охрабрам луѓето да се вакцинираат, да се разбие каква било мистерија за вакцините, кажа Зелиќ.
Во Србија е достапна имунизацијата со вакцините „Синофарм“, „Фајзер/БионТек“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“, а Зелиќ изјави дека Модерна се уште не поднела барање за регистрација, дека се водат преговори и дека очекува и таа да се најде во понуда.
–СЗО и Европската агенција за лекови дадоа јасен став дека не треба да се ограничи примената на вакцината на АстраЗенека, бидејќи придобивките се неспоредливо поголеми од ризиците. Сите тромбози што се досега забележани се следат. Српската агенција за лекови на 17 и 24 март издаде две известувања, во кои ги повикува здравствените работници да следат што се случува. До денес, ниту еден случај не ни е недвосмислено потврден дека има било каква врска со создавањето тромб со оваа вакцина, посочи Зелиќ.
Тој изјави дека во Србија има сосема доволно вакцини, затоа што досега се пристигнати над 3,5 милиони дози.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица