Во Србија годишно од рак на бели дробови умираат по 5.000 луѓе
Секоја година во Србија се регистрираат по 5.500 новозаболени лица од рак на бели дробови, а просечно по 5.000 лица од двата пола умираат од болеста, што Србија ја става на второ место на листата во Европа по смртност од рак на белите дробови, јави Танјуг.
За повеќе од 85 отсто од случаите на рак на бели дробови се смета дека се последица на активно или пасивно пушење, се потврди денеска на конференцијата посветена на 31 јануари, Националниот ден без чад од цигари, под слоганот „Секоја цигара пречи“.
Директорот на Институтот за јавно здравје „Батут“, Драган Илиќ укажа дека застапеноста на пушењето во Србија веќе со години е на многу високо ниво, што го покажува и истражувањето на здравјето на жителите од 2013 година, кое покажало оти застапеноста на пушењето кај лицата постари од 18 години изнесува околу 35 проценти.
Илиќ истакна дека честото пушење и изложеноста на чад од цигари доведуваат до бројни последици по здравјето, како што се болестите на срце и крвните садови, малигните заболувања, астма, а последно тешки последици врз бебињата, додаде тој, можат да остават при пушење во бременоста.
Помошникот на министерот за здравство Зоран Михајловиќ истакна дека во светски рамки 1,1 луѓе се пушачи, а дека годишно во светот од карцином на бели дробови умираат околу шест милиони луѓе.
- Тоа е најчестиот карцином кај мажите, а втор кај жените. Спред проценките до 2030 година во просек годишно ќе умираат по осум милиони луѓе од рак на бели дробови, истакна Михајловиќ.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто