Во Србија денеска почнува масовната имунизација, набавени 1.054.950 вакцини, платени над шест милиони
На седница на Оперативниот тим на државниот врв на Србија, директно пренесуван преку медиумите, преседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ го најавија и објаснија почнувањето на масовната имунизација во Србија.
Претседателот Александар Вучиќ, кажа дека во Србија денес или утре ќе пристигнат 250.000 вакцини „Спутник V“ и дека се очекува наскоро преку Полска да се набави и четвртата вакцина од производителот Астра-Зенека. Тој додаде дека оваа недела ќе пристигаат и 200.000 вакцини од првата и 50.000 од втората доза на руската вакцина Спутник V и дека денес ќе почне и масовната вакцинација со кинеската вакцина Синофарм.
-Вакцинацијата е од големо значење за Србија, без вакцинација никогаш нема да ја победиме короната, не само во здравствена туку и во економска смисла, ќе дојдеме до работ на бездната, кажа Вучиќ.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Србија досега набавила 1.054.950 вакцини и дека има потпишано договор и платила за повеќе од шест милиони дози.
Таа на состанокот на државниот врв и Оперативниот тим за вакцинација кажа дека новиот систем за следење на вакцинацијата овозможува да се следи се – од моментот кога вакцината ќе пристигне до моментот кога секој граѓанин ќе се вакцинира.
-Масовната вакцинација започнува денеска и се отвора голем пункт на Белградскиот саем, а прво ќе бидат вакцинирани припадниците на Министерството за внатрешни работи, Војската на Србија и другите безбедносни служби.
На седницата беше најавено дека масовната имунизација почнува и во другите големи градови во Србија, на Новосадскиот саем, во Ниш, Крагуевац, Лесковац, Суботица и Крушевац.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот