Балкан
13. October 2020 - 17:51

Во Србија 152 новозаболени од коронавирус, двајца починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 7.177 лица на коронавирус, од кои 152 биле позитивни, додека 2 лица починале.

На респиратори се приклучени 22 пациенти.

Досега починале вкупно 767 лица.

Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 35006 случаи на инфекција.