Македонија
15. April 2020 - 10:18

Во споредба со земјите од регионот, Македонија е втора по смртност

На листите каде се бројат жртви и заразени од коронавирус во регионот, Македонија е втора по смртност.

На еден милиони жители Македонија има 21 починати. Полоша статистика од нашата има само Словенија која има 27 мртви на еден милион жители.

Сите останати државни од регионот, на оваа црна листа, се зад нас, со помала смртност.

Еве колкава е смртноста на милион жители, во останатите држави од регионот:

Турција 17

БиХ 12

Србија 11

Грција 10

Албанија 8

Хрватска 8

Црна Гора 6

Бугарија 5

Имено, во Македонија има 436 заразени на милион жители. Повеќе од нас имаат Турција (772), Словенија (587) и Србија (511).

Под нас на листата која покажува број на заразени на милион жители се:

Црна Гора 451

Хрватска 415

БиХ 330

Грција 208

Албанија 165

Бугарија 106

Колку тестови се направени на еден милион жители?

Словенија 17291

Турција 5260

Грција 4682

Црна Гора 4568

Хрватска 4472

Македонија 4446

БиХ 3782

Србија 2678

Бугарија 2663

Албанија 1496