Македонија
30. January 2020 - 8:36

Во сообраќајна несреќа загина легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски–Буштур

Во сообраќајка во скопска Кисела Вода, во близина на последна 24-ка, синоќа животот го загуби легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски–Буштур. Тој е роден на 15 октомври 1950 во Скопје.

Информациите за несреќата на екс-кошаркарот се дека изгубил контрола на возилото, удрил во бетонската жардињера на средината на коловозот. 

Благоја Георгиевски својата кариера ја помина во клубот Работнички, играјќи со македонскиот репрезент во Првата југословенска кошаркарска лига.