Македонија
15. April 2017 - 12:21

Во сообраќајка повредена бугарска државјанка

Л.И.З. (70) од Софија, Република Бугарија, е тешко поврдена во сообраќајка што се случи вчера околу 10:30 часот на скопската обиколница „Мајка Тереза“.

Како што информира МВР, незгодата ја предизвикал З.В.З. (78) од Софија, управувајќи возило „Ауди А6“ со бугарска национална ознака, во кое била Л.И.З..  З.В.З. изгубил контрола над возилото, излегол на десната страна надвор од коловозот и се превртел. 

Л.И.З. со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентниот центар каде по укажаната лекарска помош, на нејзино барање е препратена во Бугарија.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Скопје.