Македонија
4. February 2020 - 12:53

Во сообраќајка на влезот на Свети Николе повредено едно лице

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Штип – Миладиновци, на влезот на Свети Николе, во која едно возило со странски регистарски таблици зилетело од коловозот од засега не познати причини. Возачот е повреден и пренесен во Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова за МИА информира дека во тек е увидот на местото на сообраќајката од страна на јавен обвинител и крим техника, по што повторно ќе биде пуштена во употреба оваа делница. Во меѓувреме, возилата се пренасочуваат кон и преку Свети Николе.