Македонија
22. August 2021 - 12:08

Во сообраќајка на патот Струга - Охрид повредени четири лица, меѓу кои и една малолетничка

Вчера во 17.20 часот на регионалниот пат  Струга - Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(22) од Струга и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.П.(49) од Скопје, велат од МВР.

Во  незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „фиат“, возачот Е.М. и сопатникот во неговото возило А.Б.(18) од с.Поум, констатирани во Медицински центар Струга.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.