Свет
21. March 2017 - 9:49

Во Сомалија починаа најмалку 26 луѓе од глад

Најмалку 26 луѓе починаа од глад во регионот Џубаленд во јужниот дел од Сомалија во изминатите 36 часа, јави федералното радио на Сомалија.

Акутната глад во Џубаленд натера стотици семејства да побараат спас во главниот град Могадишу.

Сомалија е погодена од голема суша што предизвика помор на стока, намалени се приносите од посевите, поради што на околу шест милиони луѓе, што е околу половина од жителите, им е потребна помош да дојдат до храна.