Македонија
21. јуни 2017 - 8:19

Во Собранието седници на пет комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за економски прашања, за одбрана и безбедност, труд и социјална политика и за финансирање и буџет.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се годишните извештаи на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година, за работата на Македонска радио телевизија за 2016 година, за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2016 година и за работата на Агенцијата за пошти за 2016 година.

Комисијата ќе расправа и по предлог-одлуките за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година, за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Aгенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година, за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година, за одобрување на Годишниот изештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2015 година, за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2016 година.

На дневен ред на Комисијата се и предлог - одлуките за одобрување на Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2016 година, за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2017 година и за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2017 година.

Комисијата за економски прашања ќе расправа по Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2016 година, Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2017 година и Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање на водни услуги за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2017 година.

На дневен ред на Комисијата се и Годишниот извештај на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2016 година и Извештајот за работата на Советот за статистика на Република Македонија за периодот јануари - декември 2016 година.

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледаат Програмата за работа на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2017 година, извештај за реализирани активности за 2016 година и финансиски извештај за 2016 година.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи во прво читање, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2017 година и Предлог-одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2017 година.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година, предлог-одлуките за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година, за давање согласност на Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година и за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година.