Бизнис
5. December 2017 - 9:30

Во Собранието продолжува дебатата за буџетот за 2018 година

Во Собранието на Република Македонија за денеска е закажано ново продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која на дневен ред е Предлог-буџетот за 2018 година.

Седницата за Предлог-буџетот 2018 година почна минатиот понеделник и оттогаш беа закажани неколку продолженија на седницата, но не се одржа ниту едно.

Расправата по предложениот буџет според Деловникот во Комисијата трае 10 работни денови. По текстот се поднесени 279 амандмани. По завршување на расправата во Комисијата, Предлог-буџетот оди на пленарна седница каде се расправа пет работни денови.

Предлог-буџетот за 2018 година вчера беше на дневен ред на Законодавно-правната комисија.