Бизнис
7. July 2016 - 8:50

Во Собранието почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Расправата за Предлог ребалансот на Буџетот за 2016 година почнува денеска на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Со ребалансот се предвидува намалување на растот на БДП од 4 на 2,3 проценти поради политичката криза, а капиталните инвестиции остануваат на високо ниво и сите предвидени проекти, како што најави министерот за финансии Кирил Миноски, ќе продолжат да се реализираат. 

Со ребалансот се предвидени и средства за исплата на плати, пензии, социјални трансфери и за субвенции за земјоделците. 

На приходната страна има намалување на проекциите за околу 2 проценти или за 3 милијарди денари, додека на расходната страна има намалување за 804 милиони денари. Со ребалансот се зголемува и буџетскиот дефицит од проектираниот 3,2 проценти со буџетот на 3,6 проценти од БДП и ќе изнесува 2,1 милијарди денари.