Во собранието две пленарни седници - интерпелација за Спасовски
Собранието на Република Македонија за денеска има закажано две седници.
На продолжение на 86-тата седница Собранието треба да расправа по интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од пратениците од опозицијата, како и за предлог закони за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, Законот за регистрирање готовински плаќања, Законот за ревизија, сите во прво читање.
На дневен ред на оваа седница се и Предлог на закон за вршење на сметководствени работи, Предлог на закон за прекинување на бременоста во прво читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.
На дневен ред на 88-та седница се Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, Дополнет предлог на закон за прекршоците, и Дополнет предлог на закон за управни спорови, сите во второ читање.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација