Македонија
4. March 2019 - 8:35

Во собранието две пленарни седници - интерпелација за Спасовски

 Собранието на Република Македонија за денеска има закажано две седници.

На продолжение на 86-тата седница Собранието треба да расправа по интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  поднесена од пратениците од опозицијата, како и за предлог закони за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, Законот за регистрирање  готовински плаќања, Законот за ревизија, сите во прво читање.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на закон за вршење на сметководствени работи, Предлог на закон за прекинување на бременоста  во прво читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

На дневен ред на 88-та седница се Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, Дополнет предлог на закон за прекршоците, и Дополнет предлог на закон за управни спорови, сите во второ читање.