Македонија
13. May 2022 - 16:37

Во Собранието денеска мирно, предлози за нови членови на Уставниот суд

За тоа кои ќе бидат новите уставни судии кои ќе ги пополнат празните места во Уставниот суд, двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дадоа свои предлози на Комисијата за избори и именувања.

Од СДСМ со три предлози, меѓу кои републичкиот обвинител Љубомир Јовески, проф. Татјана Васиќ од Министерството за правда и врховниот судија Фатмир Скендер.

Од најголемата опозициска партија со нешто повеќе имиња, односно доставија шест предлози кои според нив треба да се најдат на местото уставни судии - универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, штипскиот обвинител Тодор Витларов, судијата во пензија Бранко Секуловски, јавниот обвинител од Охрид, Воислав Димовски и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска.

Дел од пратениците дадоа забелешки дека се потребни законски измени, односно уставните судии да се бираат на јавен оглас, а не на предлог на партиите.

Во Уставниот суд во моментов работат пет судии, а потребни се девет. Претседателката Добрила Кацарска, постојано апелира до Собранието да избере судии за да може судот да продолжи непречено со работа. Судиите се бираат со глас од 61 пратеник, откако Комисијата ќе ги достави предлозите до Собранието.