Македонија
25. January 2023 - 8:21

Во Собранието денес ќе се одржат три седници на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе одржи три седници.

На дневен ред на 16-тата седница на Комисијата е Утврдување предлог за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

На другата, 20-та, седница Комисијата ќе расправа по Предлог – одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, како и по Предлог Деловник за изменување на Деловникот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.
 
По завршување на овие две, Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе ја одржи и 22-рата седница на чиј дневен ред се десетина точки од делокругот на нејзината работа.