Живот
21. October 2017 - 19:13

Во случајот се вклучи и полицијата: Цел свет зборува за мачката со човечки лик

Интернет го преплави фотографијата од необична мачка со човечко лице, која на социјалните мрежи беше споделувана шпвеќе од илјада пати, па мораше да реагира и малезиската полиција.

По објавувањето на фотографиите почнаа да кружат приказни како мачката ја држат во тајна лабораторија поради испитување, но ништо од тоа не е вистина. Имено, „виновник“ за оваа помпа е Лаира Магануко која прави и продава вакви и слични фигури.

Меѓутоа, поради фигурите на Лаира и полицијата мораше да се крене на нозе, зошто се расчу дека необичната мачка се шета по улиците на Малезија.