Македонија
6. January 2018 - 16:43

Во случај на укинување на притворот, лицето ќе мора веднаш да биде пуштено на слобода, без оглед на жалба од обвинителството

Лицата на кои ќе им биде укинат притворот, веднаш, без одлагање, ќе треба да бидат пуштени да се бранат од слобода, без оглед на жалбата што би ја поднело јавното обвинителство. Ова се најновите измени предвидени во Законот кривична постапка, а кои се ставфени на седницата на 15-ти јануари задно со останатите реформски закони за реформи во следењето на комуникациите.

Досега, жалбите на обвинителството за укинување на притвор значеа дека осомничениот останува во истражен затвор се додека не биде днесена конечна одлука од кривичниот совет. Измените, како што пишува во објаснувањето, се прават согласно праксата за Европскиот суд за човекови права за притворот да не се претвори во казна.

Најголем дел од измените во ЗКП вусшност се за посебните истражни мерки околу прислушувањето. Така, наредбата од судот за следење и снимање на комуникациите ќе треба да ги содржи и видот на телекомуникацискиот систем, телефонскиот број или друг податок за идентификација на телекомуникацискиот приклучок, како и идентификацискиот број за секој од нив поодделно.

Нема да може со една наредба да се предвиди прислушување на повеќе броеви истовремено.

- Ако јавниот обвинител се откаже од кривично гонење или ако собраните податоци со посебните истражни мерки немаат значење за водење на постапката, ќе се уништат под надзор на судијата, а за тоа јавниот обвинител ќе изготви записник, пишува во предлог измените.

Во нив се предвидува дека во правосудната полиција освен припадници на МВР и обвинителството сега ќе влегуваат и службеници од министерството за одбрана кои работат на откривање на кривичните дела.

Судиите ќе бидат обврзани во рок од 15 дена од кога е одржано рочиштетот за оценка за обивнителниот акт да донесат и решение за тоа дали го прифаќаат обинението или  пак не. Дпсега ваков рок немаше па од рочиштетот до решението поминуваше и по неколку месеци.

Измените ќе почнат да се применуваат откако ќе се почне примената на новиот Законот за следење на комуникациите и Законот за оперативно-техничка агенција преку која ќе се одвива прислушувањето.