Балкан
7. March 2021 - 19:33

Во Словенија во јануари регистрирани за третина повеќе умрени отколку во јануари 2020 година

Во Словенија во јануари годинава умреле 2.617 лица, што е за 32,8 проценти повеќе отколку во истиот месец од 2020 година и за 27,5 проценти повеќе од просекот за јануари во периодот меѓу 2015 и 2019 година, покажуваат податоците на Централното биро за статистика,што денеска беа соопштени во Љубљана.

Во три дена од јануари биле регистрирани по повеќе од 100 смртни случаи дневно, а највисоката бројка била на 17 јануари, кога умреле 111 лице, од кои 40 од Ковид-19.

Во првиот месец од 2021 година во просек имало по 84 смртни случаи дневно, значително помалку отколку во декември минатата година, кога таа бројка изнесуваше 104, пренесува Хина.

Меѓу умрените 71,7 проценти се лица постари од 75 години, што е за 36,4 проценти повеќе смртни случаи на ова возрасна група отколку во периодот од 2015 до 2019 година.

Според привремените податоци на Заводот за статистика, во јануари се родени 1.498 деца, за четири проценти помалку отколку во истиот месец во 2020 година.