-->
-->
Во Словенија уделот на позитивни резултати за првпат е поголем од 19 проценти
-->
Во Словенија, уделот на позитивни резултати на коронавирус во вкупниот број тестирани примероци за првпат надмина 19 проценти, откако вирусот е потврден во 726 случаи од 3.765 тестови.
Ова значи дека бројот на активни случаи на Ковид-19 во Словенија во моментов е 6.651, додека вирусот од почетокот на пандемијата е потврден кај 13.151 лице.
Во последните 24 часа во Словенија од Ковид-19 починале уште три лица, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест се зголеми на 187.
Четиринаесетдневната стапка на кумулативна инциденца на 100.000 луѓе достигна 317, за разлика од 290 претходниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка