Балкан
27. May 2019 - 21:21

Во Словенија уапсени повеќе од 120 илегални мигранти

Словенечката полиција од петокот до денеска уапси повеќе од 120 илегални мигранти поради нелегални преминувања на границата.

Уапсени се и повеќе организатори.

Според словенечките медиуми, на подрачјето на Љубљана откриени се 24 мигранти, а на подрачјето на Ново Место 59.  Неколку десетици мигранти се приведени во полициските управи на Копар и Нова Горица, а неколку на подрачјето на Обрежје, Марибор и Метлика.

Како што се наведува, најмногу мигранти се од Пакистан, Бангладеш, Алжир, Ирак и Мароко, а има и неколку државјани на Кина, Турција и Сенегал.

Во акцијата се откриени поголем број возачи, кои незаконски ги внеле мигрантите во Словенија. Меѓу нив има еден 65-годишен возач од Србија и еден албански државјанин кој ги возел мигрантите во возило со италијански ознаки.