Балкан
3. March 2021 - 8:56

Во Словенија потврдена и нигериската мутација на коронавирусот

По идентификацијата на британската и јужноафриканската мутација на коронавирусот,  во Словенија е потврдена и нигериската мутација, јави синоќа приватната телевизија ПОП ТВ.

Досега се откриени седум случаи на најновата мутација, а ги откри лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми.

Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно нема да предизвика потешка форма на Ковид-19.

Јужноафриканската мутација во Словенија е потврдена на 9 февруари кај 54-годишен маж, што укажува на тоа дека инфекцијата на докторот од Марибор не била како што се верувало.Министерот за здравство Јанез Поклокар на вчерашната прес-конференција рече дека минатата недела се потврдени 62 случаи на британската мутација и еден случај на јужноафриканската, додавајќи дека тој не знае ништо за присуството на нигерискиот вид.

Денеска се очекува официјален извештај за присуството на разни мутации во коронавирусот што циркулираат во Словенија.