Балкан
16. November 2020 - 14:18

Во Словенија помалку новозаболени, но дури 34 починати

Во последните 24 часа, уште 501 лице се разболеле од коронавирусот во Словенија, додека 34 пациенти починаа како резултат на болеста, соопшти денеска словенечката влада.

Биле тестирани значително помалку луѓе – 1.792, а 28 проценти од испитаниците биле позитивни, пренесува порталот 24УР.

Во моментов, 1.264 пациенти се во болница, од кои 207 се на интензивна нега.