Во Словенија почнува кампањата за претседателските избори
Еден месец пред претседателските избори во Словенија, закажани за 23 октомври, денеска официјално почнува изборната кампања.
Претседателските кандидати ќе можат да им се обратат на гласачите до 21 октомври на полноќ, кога ќе настапи предизборен молк, а денеска истекува и рокот за поднесување пријави за гласање во странство.
Се очекува претседателските кандидати во својата кампања најмногу да се потпираат на социјалните мрежи и директниот контакт со гласачите на терен. Ќе се користат и други средства за комуникација, како плакати и презентации на поединечни средби, а сите изборни штабови најавуваат финансиски скромна кампања.
Рокот за собирање избирачки потписи и поднесување кандидатури и покрај денешниот официјален почеток на кампањата истекува на 28 септември.
Досега за изборите се пријавија пет кандидати – пратеникот на СДС Анже Логар, адвокатката Наташа Пирц Мусар, пратеникот на Нова Словенија Јанез Циглер Краљ, градоначалникот на Кочевје Владимир Пребилич и музичарот Грегор Безеншек.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење