Балкан
18. March 2020 - 16:09

Во Словенија 286 лица заразени со коронавирусот

Бројот на лица заразени со новиот коронавирус во Словенија се зголеми на 286, информираа од Институтот за јавно здравје.

Како што соопшти дописникот на МИА од Љубљана, меѓу новозаразените е и медицинско лице во Центарот за трансфузиологија при Универзитетскиот клинички центар во Марибор. Најголем дел од заразените се на возраст меѓу 30 и 49 години, од кои 149 се жени, а 137 машки.

Словенечката Влада одлучи, како превенција од ширење на коронавирусот да го огранични јавното собирање на најмногу пет ллица. Од Министерството за внатрешни работи најавија дека таа мерка строго ќе се контролира, а за тие што нема да ја почитуваат одлуката ќе следуваат високи казни.

Одлуката според министерот за внатрешни работи Алеш Хојс ќе почне да се применува од денеска.

Досега како последица од Ковид-19 во Словенија почина едно лице.