Во скопско казнети 77 возачи за брзо возење
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје при што санкционира 77 возачи што ја пречекориле дозволената брзина (10 надвор од населено место и 67 во населено место).
На прекршителите, информираат од МВР, поднесени им се 76 мандатни платни налози и еден прекршочен платен налог. Откриени се и 61 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 34 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се откриени 11 возачи на мотоцикли од кои осум возеле без заштитен шлем, а тројца без возачка потврда. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево