Македонија
20. August 2019 - 16:52

Во скопско Бањани полицијата со предупредувачки куршуми во воздух за возач кој не го сопрел возилото

Ноќеска во 01.10 часот во атар на село Бањани, скопскo полициски службеници откако забележале комбе натоварено со дрва превземале мерки и активности за запирање на возилото.

Возачот на даден знак не го сопрел возилото заради контрола туку истото продолжило со движење.

Во еден момент службено возило на полицијата било удрено од возило „Сеат“ а полициските службеници излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел сопирање на возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.