Македонија
1. February 2019 - 11:52

Во скопската зоолошка градина ќе се отвора Бејби Зоо

 Скопската ЗОО ќе добие мини зоолошка градина „Бејби Зоо“ за најмладите, по европски и светски стандарди.
 
Се работи за заградена мини зоолошка градина каде ќе има мали безопасни животни и каде децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.
 
– Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.