Кошарка
5. July 2019 - 16:32
Во Скопје започна ЕП за кошаркарски до 18 години
Денеска во Скопје започнаа натпреварите во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 18 години.
Натпреварите на шампионатот на кој учествуваат 22 земји, ќе се играат во двете сали на СЦ „Јане Сандански“ како и во СЦ „Борис Трајковски“
Нашите јуниорки предводени од селекторската Жаклина Стојановска, ќе играат во групата Ц во која за противнички ќе ги имаат врсничките од: Романија, Ирска, Грција, Австрија и Словачка со кои ќе играат редоследно, а сите натпревари ќе ги играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“,во терминот од 18 часот и 45 минути.
Во првиот меч, Македонија за противник ја има Романија
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->