Во Скопје во 11 сообраќајки, повредени 13 лица
Во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината полицијата извршила увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле 13 лица, а пет незгоди се со материјална штета.
СВР - Скопје за МИА информира дека од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Меѓу санкционираните се 29 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи не се придржувале според ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци и тројца возачи поминале на црвено светло на семафор.
Санкционирани се и 32 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило од наша страна во текот на изминатиот ден отстранети се 49 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје, со почеток во 19 часот, во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во Детската Градинка „11 Октомври“ објект „Бутел 2“ која се наоѓа на подрачјето на општина Бутел.
Ново на Сител
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
-
Потенцијал за био економија има, недостасуват едукација, правна рамка и стратегии